Полска: За социјалните мрежи кои блокираат или отстрануваат објави, парична казна од 13 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Полскиот министер за правда Збигњев Зиобро предупреди денеска дека на социјалните мрежи кои ги отстрануваат објавите што ги сметаат за навредливи им се заканува парична казна.

Полските владини претставници го осудија деактивирањето на сметката на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп на социјалните мрежи и најавија дека со нацрт-законот, кој е подготвен, ќе го направи незаконски технолошките компании да прават слични чекори во таа земја, објави претходно „Гардијан“.

Според „Ројтерс“, владејачката полска партија Закон и правда тврди дека големите технолошки компании вршат „опасно ниво на контрола“ врз јавната дебата, цензурирајќи ги мислењата што не се во согласност со нивните „либерални погледи на светот“, пренесува „Ројтерс“.

„Ние ставаме акцент на сферата на слободата“, рече Зиобро на прес-конференција, додавајќи дека законот нема да ја исклучи можноста за отстранување на објави или блокирање на сметки, но компаниите ќе бидат спречени да блокираат индивидуални изјави или да ги бришат корисничките сметки доколку не се согласни со нив.

Како што се наведува, корисниците ќе можат да се жалат до Советот за слобода на говорот, а доколку социјалните мрежи блокираат сметки или отстранат објави што не претставуваат повреда на полскиот закон, ќе треба да платат казна до 13,35 милиони долари.

Во средата, полскиот премиер Матеуш Моравески на Фејсбук напиша дека цензурата на социјалните мрежи не треба да се толерира и рече дека социјалните мрежи треба да му служат на општеството, а не на нивните „моќни сопственици“, пренесува Танјуг.

Слични содржини