Градоначалникот на Вевчани: Запаленото бугарско знаме не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население

од Nikola Popovski
349 прегледи

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски денеска најостро го осуди чинот на палење на знамето на Бугарија за време на Вевчанскиот карневал.

„Овој чин не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население. Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции“, соопшти градоначалникот.

Според него, Општина Вевчани и Вевчанци и во минатото веднаш ги осудувало палењата и на знамиња и на други држави и упорно стоиме на ваквиот став и во иднина ѝ сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстариот и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот карневал низ годините од речиси сите светските медиуми.

„Се надеваме дека овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи“, објави градоначалникот на Фејсбук.

Демаршот до македонското МНР за палењето на знамето е доставен од страна на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, по што реагираше македонскиот државен врв. Шефот на државата Пендаровски го осуди чинот во Вевчани.

– Палењето на знамето на Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење доверба, разбирање и почитување. – напиша Стево Пендаровски претседатело на РСМ.

Слични содржини