Русковска: Само кај еден курир откриени 1.500 недоставени платни налози, штета од 20 милиони денари

336 прегледи

Во своето гостување на Канал 77, обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, потенцираше дека се залага за прочистување на судството, но пред се, да се откријат и причините зошто предметите застаруваат, бидејќи како што вели, имаме постапки по 15 години, и се причинители за тоа.

„Јас сум за прочистување на судството и на обвинителството, но да се откријат причините зошто застаруваат предмети, зошто имаме постапки по 15 години, кои се причините за тоа. Но, кога зборуваме за обвинителството и судството нам ни треба пошироко прочистување, да се види администрацијата како работи. Пред некој ден од Судски совет добив известување дека починал некој курир и кај него во фиока откриени се преку 1 500 платни налози, за прекршоци, за мандатни казни… и со тоа за 20 милиони денари е оштетен буџетот, и тоа зборувам за еден вработен само, кој знае колку има други вакви слуачи. Затоа сметам дека треба да има дополнување на одредени закони, на Законот за кривична постапка, на Кривилен законик , Законот за управните судови, мора некои работи да претрпат измени за да бидеме поефикасни, без разлика за кој суд станува збор.“- изјави обвинителката Вилма Русковска, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Оваа изјава на Русковска ја потврдува неопходноста и итноста од судски реформи и прочистување на судството.

Слични содржини