Се подготвуваат вооружени немири во Вашингтон: Опасно предупредување-нападите продолжуваат и по инаугурацијата

459 прегледи

Градоначалникот на Вашингтон, Муриел Баузер, изјави дека и по инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, на 20 јануари, безбедносните мерки ќе останат во градот по неодамнешниот насилен упад во Конгресот.

На прашањето дали по инаугурацијата ќе бидат укинати зголемените безбедносни мерки во градот, таа одговори: „Ќе се вратиме во новата нормалност“.

Градоначалникот на Вашингтон очекува дека американскиот разузнавачки и безбедносен апарат ќе се соочи со тековни закани на секое ниво.

Официјални лица предупредија за нова можност за вооружени протести во Вашингтон за време на церемонијата на инаугурацијата, по минатонеделниот напад на Капитол од приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп, во кој беа убиени пет лица.

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп пред четири дена го одобри прогласувањето вонредна состојба за Вашингтон, кое треба да трае до 24 јануари.

Слични содржини