371
Во Струга, малолетник се обидел да силува 27. годишна девјка. Во полиција било пријавено од страна на вујкото на девојката, а како што соопштуваат од СВР Охрид, против момчето ќе биде поднесена соодветна пријава.
„Во ОВР Струга, во 20 часот и 4 минути, 42-годишен жител на струшко село пријавил обид за обљуба од страна на малолетник врз негова 27-годишна внука. Во полициската станица Струга, во присуство на родител, со малолетникот бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението.
Настанот се случил во домот на девојката, која успеала да се спаси од напаѓачот со викање и побарала помош од соседната куќа, каде живеел нејзиниот вујко.