Наследникот на Самсунг осуден на затворска казна

од Stefanija Kuzmanovska
468 прегледи

Наследникот на деловната империја „Самсунг“, Ли Џае-Јонг е осуден на затворска казна на повторно судење за корупција, објавија локалните медиуми и со таа пресуда технолошкиот гигант останува без личност која носи големи деловни одлуки.

Високиот суд во Сеул го осуди Ли, формално потпретседател на Самсунг електроникс, најголемиот производител на паметни телефони и компјутерски чипови во светот, на 2,5 години затвор, објавија јужнокорејските медиуми и националната агенција Yonhap.

Ли ја водеше компанијата неколку години откако неговиот татко доживеа срцев удар и потоа почина во октомври минатата година.

Во позадината на случајот е корупцискиот скандал во кој се вмешани поранешниот јужнокорејски претседател Парк Гин-Хе и Ли беше прогласен за виновен за проневера и мито.

Ли „активно даваше мито и индиректно го замолуваше претседателот да ги искористи своите овластувања за да обезбеди непречен трансфер на власта на чело на деловниот конгломерат“, пишува судот во пресудата.

„Многу е жално што Самсунг, најголемата компанија во земјата која се гордее со иновации, постојано е вклучена во криминал секогаш кога има трансфер на политичка моќ“, стои во пресудата.

Слични содржини