Русија ги отфрли барањата на Западот за ослободување на Навални

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот изјави дека негодувањето изразено од западните земји во врска со апсењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални има за цел да го сврти вниманието на нивните граѓани од проблемите во нивните земји.

– Очигледно, тоа им овозможува на западните политичари да мислат дека ваквите изјави можат да го одвлечат вниманието од длабоката криза во која се најде моделот на либерален развој – рече шефот на руската дипломатија.

Полицијата го уапси Навални откако слета на аеродромот во Москва во неделата вечерта, што е негово прво пристигнување на руско тло откако беше отруен минатото лето.

Западните земји денес ѝ наредија на Русија веднаш да го ослободи Навални. Русија брзо ги отфрли тие барања, велејќи им да се држат до нивните работи.

Слични содржини