Атанасов: Сите го заборавија најважниот елемент во нашето образование, а тоа се децата

283 прегледи

Во своето гостување во Топ тема, поранешниот министер за образование и универзитетски професор, Петар Атанасов, образложи како гледа на предложената нова концепција во основното образование.

„Има многу што да се зборува. Промени се потребни, имаме слаб образовен процес. Зад оваа реформа застана Бирото за развој на образованието, а истата минува тешко. Најпрво реагираше стручната јавност, бидејќи не се консултирани во овој процес, експерти во областа. Реагираа многу факултети, како и МАНУ.Имаше негативни коментари, како од стручната, така и општата јавност. За потсетување, претходниот кабинет имаше и друга реформа, која ја пласираа исто така, а се однесуваше за првите три одделенија. Одговорноста да се брани една идеја или концепт, некој го заборави најважниот елемент во нашето образование, а тоа не се учебниците, туку децата“, истакна екс министерот за образование, Петар Атанасов.

Слични содржини