НУК: Владата со првата мерка од петтиот пакет мерки им поклони на „локомотивите“ 162,4 милиони евра

од Nikola Popovski
154 прегледи

Наместо со првите одлуки од 5-тиот сет економски мерки Владата итно да помогне на најпогодените индустрии од пандемијата Ковид-19 носи одлука со која на Стопанската комора на Македонија односно опфатените предлог листи на производи на компаниите “локомотиви” членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија им поклонува неповратна помош во висина од 162,4 милиони евра во 2021 година, која одлука е всушност прва усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, соопштуваат утрово од Независната угостителска комора.

„Од друга страна Владата повторно носи измени на одлука со која повторно се цепка и ограничува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари кои ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот.

Со вчерашните изјави на Министерот Кресник Бектеши и Вицепремиерот Фатмир Битиќи како угостители доживеавме ладен туш сред зима дознавајќи дека првата одлука од очекуваниот 5-ти сет мерки со кој треба да се помогне на најзагрозените индустрии всушност е Новогодишен поклон и честитка за локомотивите на Стопанската комора на Македонија.

Не можеме да се изначудиме што од една страна Владата изјавува дека со Буџетот за 2021 година се предвидени само 50тина милиони евра сет мерки за помош и поддршка на компаниите за справување со пандемијата Ковид-19 додека истовремено преку ноќ носи одлука со која доделува грант – неповратна помош во висина на проценета вредност од околу 162 милиони евра на локомотивите од индустрии кои и во изминатиот период искористија најголем дел од економските мерки за помош и поддршка на фирмите погодени од пандемијата Ковид-19.

Ги потсетуваме и Министрите и Владата дека од сите индустрии кои добија поддршка и помош од постојните сет економски мерки само за угостителската индустрија континуирано се носат препораки и протоколи пропратени со ограничувања за работно време со што не само што се нанесува директна материјална штета туку страда и пати целокупната угостителска индустрија заедно со сите вработени во неа.

Нашето трпение во очекувањето на време и покана за работна средба и дискусија за економските мерки кои очекуваме Владата да ги прифати и донесе по кратка постапка со цел да се помогне на колабрираната и комирана угостителска индустрија е при крај. Владата задно со Министерството за економија и Министерството за финансии ЈА НОСАТ ВО ЦЕЛОСТ обврската и одговорноста за опстанокот на угостителската индустрија до завршувањето на пандемијата Ковид-19. Владата со одлуките од последната седница докажа и покажа ако сака кога сака има и услови и можности и начини по кратки постапки да креира безусловни посебни економски мерки за финансиска поддршка и неповратна помош на индустриите погодени од пандемијата Ковид-19.

Неискористени средства од 4тиот сет мерки наменети за субвеција за плати има повеќе од 15тина милиони евра кои можат веднаш да се наменат за Јануарска и Февруарска субвенција за плати за угостителската индустрија. Угостителите немаат време за чекање и за да ги сочуваат сите работни место на угостителските работници очекуваат Владата до 25-ти Јануари да донесе итна одлука за продолжување на мерката субвенција на бруто плати со почетокот на Јануари 2021 години со траење се додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до званично завршување на пандемијата Ковид-19.

Овојпат решени во име на НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА, заедно со здруженијата КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, БИСЕР од Куманово, ЗУТ КРУШЕВО од Крушево, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид, како и во името сите останати угостители погодени од пандемијата Ковид-19 на Владата и доставуваме рок до 25-ти Јануари да ги оправда нашите очекувања и ги усвои сите наши барања и донесе одлуки со кои ќе креира посебни економски мерки за директна помош и поддршка на угостителската индустрија и тоа во:

* Континуитет во помошта – безусловна субвенција за сите вработени во угостителската индустрија во висина на бруто плати додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до званично завршување на пандемијата Ковид-19

* Директна неповратна финансиска помош – грант за сите угостители по принципот на доделена ваква помош за ноќните клубови и категоризираните ресторани

* Безусловна достапност на угостителската дејност до долгорочни и бескаматни државни кредити за одржување на тековна ликвидност и унапредување на угостителството или побрза достапност на најавениот гарантен фонд или гарантна шема со која угостителите ќе можат да добијат државни гаранции врз основ на кои ќе можат во банките да се задолжат со долгорочни поволни комерцијални кредити со грејс периоди за надминување на проблемите со ликвидноста

* Изедначување на ДДВ за угостителски услуги согласно ветувањата на 10% на сите угостителски услуги во сите видови на угостителски објекти

* Одлагање и репрограмирање на извршни постапки врз угостителите и угостителската индустрија односно трансформација на секое извршно решение во решенија за исплата на рати со греј период или наплата по завршување на пандемијата Ковид-19, посочуваат од НУК.

Слични содржини