Мицкоски на пат кон Љубљана: „Словенија нарача над 3 милиони вакцини, а кај нас нема ниедна“

од Nikola Popovski
136 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ја продолжува својата мини-турнејата низ земјите од регионот со посета на Словенија.

„Денес сум во Љубљана, Словенија, доцна попладне ќе имам средба со премиерот Јанез Јанша. Земјата оваа година се подготвува за овогодинешното претседателство на ЕУ. Дискусиите се за водењето на зелените политики. Во здравството, Владата на Словенија очекува до почеток на летото 70 проценти од вкупното население да биде вакцинирано против ковид вирусот. Словенија нарача 3.227.948 дози на вакцини. Светот оди напред со големи чекори! А кај нас главно е тоа што нема вакцини, освен оние кои се добиени како донација, што е премала количина за вистинските потреби“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

За време на престојот во Унгарија, пак, како што наведува, видел дека главниот предизвик на младите е како да ги усовршат системите за вештачка интелигенција и нивната примена во секојдневниот живот.

„Оваа 2021 година очекуваат економски бум, поголем од сите години претходно. Се зборува за новиот пакет од 5,18 милијарди долари евтини кредити кои ќе бидат на располагање на домашните бизниси како директна помош за економијата. Годината што измина економијата растеше со 4,9%, додека нашата е во рецесија“, напиша Мицкоски.

Слични содржини