Светски познатата пејачка Лејди Гага се подготвува за настап на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, што ќе се одржи денес во 18 часот по европско време и таа не е единствената пејачка која пристигна во Вашингтон да настапи на оваа церемонија.
Имено, познатата пејачка, по потекло од Италија, објави фотографија од Капитол во Вашингтон, каде позира целата во бело, а напиша дека силно се молела за подобро утре во земјата во која живее.
За време на пробата најпрво им оддаде почит на војниците, а по тој повод носеше „ангелска“ комбинација на облека. Гага носеше бел мантил, бела заштитна маска на лицето, додека косата ѝ беше сплетена во две плетенки. Им се заблагодари на војниците и потоа отиде во Капитол од каде објави фотографија на социјалните мрежи, па напиша:
„Се молам утре да биде ден на мирот за сите Американци. Ден за љубов, а не за омраза. Ден за прифаќање, а не за страв. Ден да сонуваме за нашата идна радост како земја“, започна таа.
View this post on Instagram
Покрај Лејди Гага, во Вашингтон пристигнаа и пејачите Џенифер Лопез и Џон Леџенд, кои исто така ќе настапат на овој голем настан.
Џеј Ло носеше карирано одело и имаше црна маска на лицето додека косата и беше подигната во реп. Таа се фотографираше и со американски војници и објави кратко видео додека правеше селфи.
View this post on Instagram