363
Фудбалерот на Реал Мадрид, Мартин Одегард од управата побара дозвола да го напушти клубот и да замине до позајмица незадоволен од минутажата, пренесоа шпанските медиуми.
Одегард играше добро на позајмица во Реал Сосиедад минатата сезона, но Реал го врати на Сантијаго Бернабеу. Норвежанецот не доби можност од тренерот Зинедин Зидан, поради тоа е изнервиран и сака да си замине, пренесува „Марка“.
Зидан се чини дека го врати Одегард повеќе како план за криза поради недостаток на играчи во нападот отколку што имаше желба да му даде шанса на 22-годишниот Норвежанец, беше додадено.
Тој не го вклучи во тимот против второлигашот Алкојано во Купот.
Одегард одигра 367 минути оваа сезона и нема настапено на последните 10 натпревари.