Инспекциските служби спроведоа 4.817 надзори и контроли во периодот од 11. до 17. јануари. Во оваа насока, Државниот празарен инспекторат, изрекол 19 прекршочни, 50 прекршочни платни налози, како и 102 решенија за неправилности.
Во истиот тој период, како што информираат намалени се решенијата издадени за изолација и домашно лекување од Ковид 19.
„Во изминатите седум дена Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 117 надзори, врз основа на кои изрече 20 решенија. Притоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 6.576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на ковид-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од ковид-19, со што продолжува трендот на опаѓање на решенија за изолација“, информираа денес од Владата.
Само во изминатата недела, ДПИ извршиле 3.159 контроли и 582 надзори на угостителски објекти, меѓу кои се изречени тие 19 прекршочни пријави, 102 решенија, како и 50 прекршочни пријави за платни налози.
Имено, Инспекторатот за транспорт извршил и 39 надзори, меѓу кои се изречени 3 прекршочни пријави и 1 решение.
Државниот инспекторат за труд, во изминатите седум дена изврши 547 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 19 решенија и четири прекршочни платни налози.
Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 18 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона и при истите не се констатирани неправилности.
Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 318 надзори, при што издадени се 16 решенија, 24 едукации и 1 ППН, по основ на нерегистриран оператор, непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање, чување и означување на производи.
Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно 37 надзори.
За потсетување, од утре се враќа работното време на угостителските објекти до 21 часот.