Првиот разговор на новиот американски претседател Џо Бајден со странски лидер ќе биде со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Средбата ќе се одржи утре, изјави портпаролот на Белата куќа Џен Псаки.
Псаки рече дека двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи, како и одлуката на Бајден за официјално одземање на дозволата, неопходна за изградба на нафтоводот Keystone XL, меѓу двете северноамерикански држави, објави „Ројтерс“.