Ковид-центри: Се лекуваат 610 пациенти, празни се над 600 болнички кревети

од Nikola Popovski
177 прегледи

„Низ ковид-центрите во земјава се лекуваат вкупно 610 пациенти позитивни и суспектен на Ковид-19 од кои 280 се во Скопје, а 330 во останати градови. Во ковид-центрите има 603 празни болнички кревети, а од нив 124 се во Скопје“, велат од Министерството за здравство.

Според извештајот, во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти, од кои 7 се на интерните клиники, 6 во ГОБ 8 Септември и 4 на Инфективната клиника. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

„Што се однесува до ковид-центрите низ државата, најмногу пациенти има во Куманово-47. Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на ковид-19, а во болницата во Штип 26 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, во ковид-центарот во Охрид има 35 пациенти, во Прилеп 34, во Гостивар 18, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот“, соопштуваат од министерството.

Слични содржини