Доживотен затвор за тројца од обвинетите во случајот „Монструм“, додека еден е ослободен од обвинението, е епилогот од денешното рочиште за случајот кај Смилковско езеро.

Во рамки на завршните зборови обвинителката Фетаи посочи дека од судот бара доживотна казна затвор и да ги осуди обвинетите Алил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ. За помагање пак побара да бидат осудени Фејзи и Хаки Азири. За Фејзи Азири истакна дека можат да му бидат изречени 15 години, а за Хаки Азири 9 или 10 години.

За Сами Љута, пак, побара ослободителна пресуда бидејќи нема докази.

Слични содржини