Унгарија ги одобри вакцините „Спутник V“ и „АстраЗенека“

од Берта Китинска
311 прегледи

Унгарскиот регулатор на лекови дал првично ја одобрила употреба на вакцината „АстраЗенека“ и руската вакцина против  ковид-19, потврди во четвртокот шефот на канцеларијата на премиерот Виктор Орбан.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ќе отпатува во Москва каде ќе разговара за руската вакцина Спутник V.

Доколку склучи договор за испорака на вакцината, Унгарија ќе стане првата членка на Европската унија што ја примила вакцината, иако сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).ЕМА исто така не ја одобри вакцина изработена од АстраЗенека и Оксфорд, но одлуката се очекува на 29 јануари.

Гулyас рече дека се надева дека наскоро ќе може да се достави „поголема количина“ руска вакцина во Унгарија.Москва посочува дека нејзината вакцина е ефикасна 92 проценти.Русија во средата аплицираше за регистрација на својата вакцина во Европската унија пред одлуката на ЕМА следниот месец.

Слични содржини