Во своето онлајн вклучување во анализа, главната уредничка на Гласот на Америка, Лилица Китановски, ги потенцираше денешните активности на Бајден и промената на тимот во „Белата куќа“.
„Има два фронта на коишто Бајден треба да работи. Тој не е бизнисмен, но времето ќе му наложи да донесе бизнис предизвици. Оттаму не значи дека ќе имаме комплетно нова Америка. Сметам дека 1,3 трилиони долари и одлуката тие средства да бидат наменети за Ковид кризата е добар чекор. Во САД е голема дебата со силиконската долина, за тоа каква е улогата на Инстаграм, Твитер, Фејсбук, и тоа колку тие мрежи можат да влијаат на политиката, така што мислам дека Бајден ќе го стави акцетот пред се на даноците, кои моментално е во корист на богатите. Бајден има среќа во однос на економијата, иако во декември истата почна да оди назад, а клучен фактор во оваа рамка е Кина. Но, треба да мисли и на сојузниците во Европа, и истите треба да ги смири“, смета Китановски.