Симевски за пописот: Со лицата кои се позитивни ќе се постапува исто како за време на изборите

од Берта Китинска
335 прегледи

Подготовките се започнати одамна и траат веќе три години, со носењето на законот се подготвуваат теренските работниците како и регионалните пописни комисии, вели Апостол Симевски, директор на Заводот за статистика во емисијата Вин Вин на Телма.

Во однос на тоа дека во законот не е напоменато како ќе се спроведе пописот во однос на условите на пандемија.

-Размислуваме и на таа опција и вакцинирањето на попишувачите ,но вакцината ќе биде доброволна и не може да знаеме дали секој ќе прифати да се вакцинира, не може да направиме таков чекор, но  тоа не значи дека не може да се влезе во некој дом и да се води сметка и се да биде по протокол ние и сега спроведуваме анкети кои вклучуваат по 5000 семејства. Не е спорно и за лицата кои се болни и се регистрирани како ковид позитивни таа информација ние ќе ја имаме и ќе знаеме, овој дел не може  во законот да стои. Со овие лица ќе се постапува исто како за време на изборите, кога заболените и лицата во изолација гласаа по посебни протоколи. Ќе се прилагодиме на сите состојба. Ние се подготвуваме како би влегле во домовите доколку се случи пик како пред некој месец кои мерки ќе се превземат додека попишувачот да се заштити вели Симевски.

Слични содржини