Меркел: Се соочуваме со закана, а таа е насловена мутиран вид на Ковид 19, но престанете да се жалите

189 прегледи

Германската канцеларка, Ангела Меркел денес апелираше до граѓаните да престанат да се жалат на бавната вакцинација против вирусот корона, истовремено бранејќи ја одлуката за продолжување на заклучувањето поради поопасниот вид на вирусот што циркулира во Германија.

Меркел рече дека ќе биде грешка да се релаксираат мерките во моментот кога британскиот сој беше откриен и во Германија, објави Ројтерс.

– Се соочуваме со закана. Таа закана е појасна сега на почетокот на годината и се нарекува мутиран вид, кој сè уште не стана доминантен во Германија – рече Меркел.

Таа ја бранеше одлуката за набавка на вакцини преку Европската комисија, со што ги отфрли поборниците на идејата дека Германија требаше да ги набави самата, бидејќи сè ќе одеше побрзо.

Меркел вели дека „ја разбираат нетрпеливоста на граѓаните“.

– Нема причина да се критикува фармацевтската компанија Бионтех, која ја направи вакцината. Тоа се луѓе кои работат дење и ноќе … и ние имаме корист од тоа. Како може некој воопшто да се жали – праша канцеларката.

Германија, со 83 милиони жители, вакцинираше над 1,2 милиони граѓани до вчера, покажуваат податоците пренесени од CNBC.

Слични содржини