306
Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез денес ја прими руска вакцина Спутник V против коронавирус
Фернандез (61) беше вакциниран ден откако Аргентинската агенција за лекови ја одобри руската вакцина за употреба.
Тој на Твитер му се заблагодари на рускиот институт Гамалеја, кој ја разви вакцината, како и на здравствените работници во земјата за нивната посветеност.
– Вакцинацијата ни помага да стекнеме имунитет од ковид 19. Ајде да го сториме тоа – изјави Фернандез.
Аргентина прими 600.000 дози на руска вакцина, а новата испорака се очекува на крајот на јануари и во февруари. Исто така, ја одобри употребата на вакцината од страна на АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд и се согласија да купат повеќе од 22 милиони дози.