Ракометарот од 137 килограми од СП во Египет изведе интересен танц на теренот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
400 прегледи

Ако сте одлучиле да ги следите настаните на Светското ракометно првенство во Египет оваа година, тогаш името на Готјер Мумби Тиери ви е многу добро познато. Да, тоа е токму момчето од 137 килограми кое игра на клучна позиција за Демократска Република Конго и кое се здоби со светска слава за само една недела.

Сите беа воодушевени од неговиот стил на игра, тој доби многу пофалби од многу познати спортисти, вклучувајќи го и Шекил О’Нил, а на натпреварот против Катар, кој неговиот тим го загуби пред некој ден, тој дури беше прогласен и за играч на натпреварот. А за потсетување, тој игра дури во четвртата лига на Франција.

Сега има причина повторно да слави, бидејќи неговата ДР Конго синоќа ја оствари својата прва победа во шампионатот, совладувајќи ја Ангола во финалето (32:31). Тоа беше всушност нивниот прв триумф досега на светската сцена.

Ракометарите на оваа африканска селекција заиграа на теренот, а целото внимание го освои Готјер Мумби Тиери.

Во продолжение погледнете како изгледаше неговиот исклучително интересен танц.

Слични содржини