Захарова: Америка да објасни зошто беа објавени рутите на движење на демонстрантите

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Американските дипломати ќе треба да објаснат зошто во петокот на својата веб-страница ги објавија рутите на планираното движење на демонстрантите во руските градови, изјави претставнчката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. Таа посочи дека објавувањето на најавата за протестот, кој не беше одобрен од властите, претставува мешање во внатрешните работи на Русија.

Захарова ги повика американските дипломати да не се мешаат во внатрешните работи на другите земји, а во овој случај и на Русија. Таа потсети дека Москва не се мешала на кој било начин и не коментирала кога имаше напад на Конгресот во Вашингтон, каде што загинаа луѓе.

-Занимавајте се со сопствените проблеми и престанете да се мешате во внатрешните работи на другите земји, рече Марија Захарова во име на руското Министерство за надворешни работи.

Во саботата се одржаа демонстрации во десетици руски градови, со барање за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој беше уапсен по враќањето од Германија, каде што помина време на лекување и рехабилитација.

Слични содржини