322
Папата Франциск денес повторно го откажа учеството на јавни настани поради болки во грбот.
Како што беше соопштено од Ватикан, 84-годишниот поглавар на Римокатоличката црква го откажа учеството во три настани во следните денови поради повторување на невропатијата на ишијас, објави АП.
Американската агенција додава дека се поставува прашањето дали Папата ќе може да замине на планираното патување во Ирак помеѓу 3 и 8 март, не само поради болката во грбот, туку и поради пандемијата на коронавирус.