Дескоска: Лица вклучени во реформите во правосудството, не го прочитале мислењето на Венецијанската комисија

Поранешната министерка за правда и универзитетски професор, Рената Дескоска, денес на својот фејсбук профил потенцираше дека лицата вклучени во процесот на концепт за реформи во правосудството, не го прочитале мислењето на Венецијанската комисија. Оттаму таа вели, дека комисијата препорачува претседателот на Судскиот совет да се избира од членовите на Советот кои не се избрани од судиите.
Читам денес на неколку портали се отвара темата околу законското решение за избор на претседател на Судскиот совет. Ова прашање го покренаа и некои лица кои во изминатиов период биле вклучени во градењето на концепт за раформи во правосудството, а не го прочитале мислењето на Венецијанската комисија за Законот за Судски совет од 2015 и од 2019 година.
Имено во двете мислења, Венецијанската комисија препорачува претседателот на Судскиот совет да се избира од членовите на Судскиот совет кои не се избираат од редот на судиите. Оваа препорака ја аргументираат со тоа дека мнозинството членови на Судскиот совет се избираат од судиите од нивните редови. Со цел да се направи баланс, кој би спречил „корпоративизам“ во Судскиот совет, се препорача законското решение кое беше усвоено со широк консензус од политичките партии во Собранието.
Затоа зад секој „бомбастичен“ наслов и „откритие“ треба да стои познавање на прашањето за кое се пишува!

Слични содржини