Пејачот Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, синоќа бил приведен во полициска станица поради неодговорно возење во алкохолизирана состојба, дознава „Нова.рс“.
Како што дознаваме, за време на синоќешната рутинска контрола, Лукас најпрво бил запрен од полицијата во Бањица, по што побегнал, за потоа да биде пресретнат и уапсен од друга патрола. Освен што бил во алкохолизирана состојба, тој наводно и ја навредувал полицијата.
За да ја потврдат информацијата, од веб порталот го повикале Лукас, кој им одговорил со навреди.
Од друга страна, нејзиниот продуцент Саша Мирковиќ тврди дека тој не бил упатен за оваа информација.
„Последен пат се слушнавме синоќа околу 21 часот. Не сум упатен што се случило. Му се јавив утрово, тој не ми одговори на телефонот“, изјави неговиот менаџер за „Нова.рс“.