Потврди и Германска амбасада: С.Македонија е земја од „високо подрачје“ на трансмисија на Ковид 19

319 прегледи

За влез во Германија потребен е 10дневен карантин, и негативен PCR тест не постар од 48 часа, денес потврдија и објавија од Германската амбасада на својот фејсбук профил.

Имено, ваквите насоки ќе важат и за сите оние земји, кои како и С.Македонија гласат за „ризично подрачје“ за трансмисија на Ковид 19.

Од Амбасадата додаваат дека оваа обвска за карантин важи независно од државјанството, а изземени се само патници кои транзитираат со автомобил или авион.

„Сите лица се дополнително обврзани најмногу 48 часа пред влезот да направат Ковид-тест, чиј резултат треба да го носат со себе на хартија или како електронски документ на германски, англиски или француски јазик и во рок од десет дена по влезот и веднаш да и го приложат на надлежната служба по барање, а пред да тргнат на пат да се пријават на веб-страната www.einreiseanmeldung.de“, пишува во фејсбук објавата на Амбасадата.

Исто така од таму посочуваат и дека само ако не е можно дигитално пријавување за влез, може да се приложи известување во писмена форма како замена за него, но патниците мора да носат со себе испечатена потврда од нивната пријава.

Слични содржини