Елизабет Харли позираше топлес на снег (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
431 прегледи

Актерката и манекенка, Елизабет Харли позираше топлес на снег, а фотографијата која ја објави на „Инстаграм“ ја направил нејзиниот 18 годишен син.

Британката која има 55 години, на себе имаше капут и долниот дел од нејзината најнова линија на костими за капење.

– Како можев да оддолеам? – напиша таа покрај фотографијата која ја сподели со своите повеќе од 1,8 милиони пријатели на „Инстаграм“.

Таа откри дека ја фотографирал нејзиниот син Дамијан, кој ги следи нејзините манекенски чекори.

Таа за фотографијата доби и бројни коментари, но и покрај големото внимание кое го привлече, сепак не мина без негативни реакции, а инаку многумина често ја критикуваат и поради односот со нејзиниот син.

Слични содржини