Случај „ТНТ“: Одбраната бара изземање на обвинителот Рустеми

од Берта Китинска
275 прегледи

На денешното рочиште одбраната на обвинетите во случајот „ТНТ” за уривањето на комплексот „Космос” на бизнисменот Фијат Цановски, побара изземање на јавниот обвинител Бурим Рустеми, под сомнение за пристрасност.

Адвокатот Јовица Страшевски, во соопштение до медиумите, го достави барањето за изземање на Рустеми, кое го доставиле до Јавниот обвинител Љуборми Јовески, за кого сметаат дека е надлежен да одлучува.

– На ден 19.10.2017 година пред официјално да се поднесе Поднесокот за повлекување на обвинителен акт од страна на Обвинителката Катица Јанева, а по претходна согласност од обвинителот Бурим Рустеми, Аријан Амзоски му успраќа порака на Бојан Јовановски „СЈО го повлече денес предметот. Благодарам од срце ајде сега раат да почнеме да работиме”.

Случајот „ТНТ” се води против поранешниот премиер во бегство Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски и други четири лица, за незаконското уривање на објектот „Космос” на Фијат Цанвоски.

Слични содржини