Холандската влада не се откажува и нема да го укине полицискиот час по третата ноќ на насилни протести низ Холандија против построгите мерки наметнати поради коронавирусот. Полицискиот час, прв по Втората светска војна во таа земја, беше воведен откако Националниот институт за здравство предупреди дека е неминовен нов бран на инфекции поради „британскиот вид“ на КОВИД-19.
На третиот ден од немирите во Холандија, продавниците во Ротердам и другите градови беа ограбени, а министерот за финансии, Вопка Хоекстра, рече: „Тоа го прави само џган“.
Повеќе од 180 лица беа приведени.
Шефот на холандската полиција рече дека немирите веќе „немаат никаква врска со основното право на демонстрација“.
Криминалното насилство мора да престане, истакна пак премиерот Марк Руте.
За време на тридневните протести, демонстрантите направија хаос на улиците, ограбуваа и кршеа излози на некои продавници, палеа факели и се судрија со полицијата во повеќе градови.
Protests in Netherlands
#Amsterdam
pic.twitter.com/W5it5XXoXn— Mahir Volkan Varol (@MahirVVarol) January 25, 2021
Полицијата соопшти дека издала повеќе од 5.700 казни за кршење на полицискиот час, што трае од 21:00 до 4:30 часот наутро.
for the dutch people reading this, please do not order food if you are in a city with riots. you bring the delivery guy in danger
— Mirthe🐺 (@ohmynorris) January 24, 2021
Досега, во Холандија се пријавени 952.950 инфекции со коронавирус и 13.579 смртни случаи од Ковид-19.
Училиштата, како и дел од продавництеи се затворени во Холандија од средината на декември 2020 година, а кафулињата и рестораните беа затворени два месеци порано.