Групата „Јавна соба“ повторно активна, членовите ја бараат девојката која ги пријавила

од Берта Китинска
740 прегледи

По денешната пријава од страна на девојката од која биле објавени фотографија  во групата „Јавна соба“ на Телеграм членовите во истата ја коментираа и ја бараат.

„Курвата отишла во полиција да ја пријави групата што некој пуштила од неа гола слика… Дајте слики да ја видиме..Ќе и ги објавуваме една по една..Да има нервен слом“…се дел од коментарите кои беа споделени од членовите на оваа група.

22-годишна девојка од внатрешноста на Македонија од нејзин пријател била предупредил дека во групата биле објавени една нејзина фотографија од Фејсбук и уште две експлицитни од девојка која наликувала на неа. Таа пријавила во полиција, но оттаму само и рекле дека вакви групи имало многу, објави Сител.

Групата „Јавна соба“ пред скоро една година  ја разбрани јавноста заради тоа што во неа беа споделувале фотографии од разголени девојки меѓу кои наводно имало фотографии и од малолетни лица.  Оваа група имаше над 7.000 членови, откриен беше и креаторот.

Слични содржини