Николовски: Против Д-р. Асани е поднесена соодветна пријава и издадена е забрана за дејствување

328 прегледи

На новинарско прашање, дали Д-р. Асани, инаку директор на струшката болница, ќе биде разрешен, првиот вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, посочи дека законот важи за сите и досега сите потребни мерки се преземени.

„Секој случај каков што е оној со Асани треба да се расчисти до крај. Против Асани е поднесена соодветна пријава до Основното јавно обвинителство. Издадено е забрана и решение, а ова е преземно по инспекцискиот надзор. Се надевам брзо и стручниот надзор ќе го разгледа овој случај и брзо и навремено ова ќе го затвориме. Важно е да се знае, дека законот важи за сите, а веќе е забрането докторот Асани да работи во рамки на својата илегална домашна ординација што е надвор од сите законски норми“, истакна Николовски.

Слични содржини