Актерката Џенифер Анистон се пофали на Инстаграм со својата нова фризура за втората сезона на серијата The Morning Show.
Откако се приклучи на Инстаграм на крајот на 2019 година, Џенифер Анистон воодушевува милиони фанови со секоја своја објава.
Ништо поразлично не беше со нејзините најнови фотографии, кои ги објави на социјалната мрежа и со кои објави нешто што нејзините фанови со нетрпение го очекуваа.
„Иии, се вративме“, напиша актерката покрај фотографиите на кои позираше со својот долгогодишен фризер Крис Мекмилан на снимањето на серијата The Morning Show, во која глуми со Рис Витерспун.
На фотографиите, Анистон се пофали и со нова фризура за втората сезона на серијата, а иако косата ја освежи само со златни прамени, нејзините фанови забележаа суптилната промена и ја опсипаа со комплименти, но и со повеќе од три и пол милиони лајкови. Тие не ја криеја возбудата заради новата сезона на популарната серија.