Девет лица ја загубија битката со Ковид 19, 394 нови случаи и 387 оздравени лица

170 прегледи

Во изминатото деноноќие се направени 2.236 тестирања, а се регистрирани 394 новодијагностицирани случаи на Ковид 19, по градови: Скопје – 190, Кавадарци – 29, Велес – 19, Делчево – 16, Куманово – 14, Охрид – 12, Дебар – 12, Гостивар – 11, Прилеп – 7, Штип – 7, Битола – 7, Берово – 7, Демир Капија – 7, Кичево – 6, Тетово – 5, Струмица – 5, Гевгелија – 5, Свети Николе – 4, Неготино – 4, Виница – 4, Струга – 3, Кочани – 3, Крива Паланка – 3, Радовиш – 3, Крушево – 3, Ресен – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2 и Пехчево – 2.

Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Во последните 24 часа, во статистика влегоа и 387 оздравени пациенти.

Слични содржини