271
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вестите за Канал 5 телевизија потенцираше дека сите здравствените работници кои се позитивни на ковид од Клиниката за нефрологија имаат лесна клиничка форма на болеста.
-Во моментов, установата функционира нормално со останатиот медицински кадар.Ќе земеме дел од тие материјали и брисеви и ќе се направи секвенционирање, за да видиме дали евентуално станува збор за мутација на британскиот сој на вирусот,изјави Филипче.
На Клиниката ковид позитивни се 8 медицински сестри од вкупно 52 вработени, еден лаборант од вкупно двајца вработени и еден психолог. Заразени се 9 доктори од 24 вработени во установата и 3 болничари од вкупно 17 вработени на Клиниката за нефрологија.