Гугл основа сопствен информативен портал?

од Nikola Popovski

Гугл ќе го оживее проектот на сопствен портал за информации во Австралија во следните недели и веќе нарачал прилози.

Ова го изјавија уредниците на неколку помали медиуми, опишувајќи ги обидите на дигиталниот гигант да го минира најавениот закон за плаќање на медиумска содржина.

„News Showcase“ треба да биде лансиран уште во февруари и е последниот тактички потег на Гугл во жестока кампања против планираниот закон со кој австралиската влада сака да го принуди да плаќа за употреба на медиумска содржина.

Уредникот на информативниот портал „Conversation“, Миша Кечел, рече дека Гугл го контактирал „со цел да продолжи дискусијата за лансирањето на производот „News Showcase“ што е можно поскоро, потенцијално во февруари“.

Гугл го објави лансирањето на порталот во Австралија во јуни минатата година, потпишувајќи договори за испорака на содржина со седум мали локални медиуми, вклучително и Конверзија. Проектот беше одложен откако регулаторот за заштита на пазарната конкуренција го објави законот за плаќање содржина, пренесува Индекс.

Целта на предложениот закон е да се зајакне позицијата на медиумите во преговорите со дигиталните гиганти за поделба на приходите. Предлогот предвидува арбитража во случај платформите и медиумите да не постигнат договор, а одлуката на арбитрите би била обврзувачка.

Портпаролот на австралискиот огранок на Гугл одби да ги коментира информациите за лансирање на информативниот портал. Два австралиски весници потврдија дека ги подготвиле деталите за содржината за информативниот портал, без расправа за разговорите со Гугл.

Да потсетиме, извршниот директор на „угл во Австралија, Мел Силва, на собраниското сослушување минатата недела рече дека компанијата ќе го повлече пребарувачот од Австралија доколку законот биде усвоен.

Слични содржини