НАТО ги повикува сојузниците да преземат акција поради Русија

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика сојузниците од Алијансата да ги зголемат трошоците за одбрана. Причината за тоа, наводно, е однесувањето на Русија и Кина, како и тероризмот. Рускиот сенатор Алексеј Пушков смета дека светот кој го познава шефот на Алијансата се ближи кон својот крај.

„Генералниот секретар ги советуваше сојузниците да ги зголемат воените расходи, да инвестираат во современи можности и да гарантираат дека нашите војници ќе останат подготвени да одговорат на предизвиците како што се руското агресивно однесување, тероризмот и ризикот од развој на Кина“, се вели во соопштението на претседателот на воениот комитет на НАТО, Сјуарт Пич.

Рускиот сенатор Алексеј Пушков реагираше на изјавата на Столтенберг на Твитер.

-Време е Столтенберг да сфати дека на неговиот „свет заснован на правила“, издадени од три или четири западни престолнини, му се ближи крјот“, напиша Пушков.

Тој истакна дека во светот останале малку од оние кои сакаат да ги почитуваат овие правила, да не се потпираат на меѓународното право, туку само на правото на посилниот.

Слични содржини