Денидас: Ќе ги олесниме на секој можен начин разликите помеѓу С.Македонија и Бугарија

264 прегледи

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Денидас, во своето интервју дадено за „Јуроњуз“, посочи дека Грција на секој можен начин ќе се обиде да го олесни решавањето на разликите во однос на пријателските односи помеѓу Бугарија и С.Македонија.

МИА пренесува дека Министерот, Денидас во своето интервју уште еднаш ја потенцирал поддршката на Грција за европерспективата на регионот.

„По Солунската агендата, Грција е цврст поддржувач на европската перспектива на Балканскиот Полуостров и секако на Западниот Балкан, а особено во конкретниот случај на Северна Македонија и Албанија. А како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Северна Македонија, ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики. И сигурен сум дека сите ќе го почитуваат тоа“, посочи Дендиас.

Прашан грчкиот шеф на дипломатијата дали Грција презела конкретни иницијативи, Денидас вели дека „иницијатива е многу силен збор“ и повтори дека тие се со сите пријатели, и секому сакаат да помогнат.

„Но, повторно треба да кажам дека треба да ја гледаме големата слика, а големата слика е иднината на Балканот во Европската унија“, додаде Денидас во интервјуто за „Јуроњуз“.

 

 

Слични содржини