Костовски до Здружението на оштетени штедачи: Не доликува вашиот бес да го истурате на човек којшто најповеќе се бори за вас

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Бизнисменот Трифун Костовски реагираше на денешното соопштение на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка, во кое се вели дека „повеќе од јасно“ е дека тој, неговиот син Коста Костовски и Николче Петкоски „се тројцата првотимци од ограбената Еуростандард банка кои свесно ја иницирале, организирале и спровеле масовната кражба“ на нивните депозити и средства на тековните сметки во банката.

„Ги разбирам сите ваши пориви да бидете обесштетени од стечајот на Еуростандард Банка. Единствено не разбирам зашто објавувате невистини за учество на моето семејство во криминалот во Еуростандард Банка. Големо ЗОШТО? Дека сум тука и од петни жили се борам да дојдам до вистината? Вие сте ограбени, ама и јас сум ограбен.

Не доликува вашиот бес да го истурате на човек којшто најповеќе се бори за вас со цел да ви се вратат украдените пари. Повторувам … вашите и моите украдени пари се тука во Македонија. Мене и моето семејство не ставате на отстрел само затоа што први испаднавме во борбата да докажеме дека е ова организиран криминал, не е чесно ниту фер“, се вели во реакцијата на Костовски.

Слични содржини