Полицајци во Франција танцувале на Макарена во станицата, ќе се соочат со казни

од Stefanija Kuzmanovska
276 прегледи

Повеќе од дваесет француски полицајци се соочуваат со интерна казна затоа што организирале забава во полициската станица каде биле снимени како танцуваат на Макарена и ги кршат правилата за заштита од вирусот.

Портпаролот на седиштето на полицијата денес изјави дека на оние кои присуствувале на забавата во париското предградие Обервил им било наредено да достават извештај за своите активности и дека се планирани санкции.

Тој не ги опиша детално предвидените казни, објави АП.

Забавите и дружењето се забранети во сите полициски објекти, додека во исто време, потребно е да се носат маски и да се придржуваат кон социјалното растојание, а бројот на дозволени лица во секоја просторија е ограничен, рече портпаролот.

Видеото од настанот, објавено на „Лупсајдер“, прикажува неколку лица како танцуваат без маски во преполната просторија.

Видеото предизвика критики во време кога француската полиција спроведува полициски час од 18 до 6 часот наутро во обид да го намали ширењето на вирусот.

Слични содржини