161
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, излезе со ново известување во кое вели дека уапсени се 4 лица, од кои две од Велес, едно од Битола и едно од Штип, инаку директни учесници во направената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм.
„Во заедничка соработка со обвинителството се работи на понатамошни докази во потрагата на нови лици инволвирани во оваа група со цел да се дојде до оние кои ја креираат оваа група, меѓутоа и до оние кои ги злоупотребуваат личните податоци. Станува збор за брза реакција во спроведување на сторителите за да во најбрз можен рок се стави крај на злоупотребите од овој тип на социјалните мрежи“, истакна министерот Спасовски.