225
Земјотрес со јачина од 3,1 степен ја потресе Словачка, објави Институтот за науки при Словачката академија на науки.
Епицентарот на земјотресот, кој се случил во 09.30 часот, бил во градот Хандлова, јави словачката агенција ТАСР.
Во земјотресот нема повредени, ниту е причинета материјална штета. Земјотресот е регистриран на длабочина од три километри.