Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) го пријави претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, во Обвинителството на БиХ за вербален напад врз член на ЦИК на БиХ.
„Откако дозна дека Обвинителството на БиХ, по најмалку две јавни обраќања на Претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, на прес-конференции во кои тој вербално нападна член на Централната изборна комисија на БиХ, г-ѓа Вања Бјелица-Прутина, не покренало постапка по службена должност, Централната изборна комисија БиХ презеде конкретни чекори“, соопштија од ЦИК.
Милорад Додик, кој е претседател на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), во четвртокот (21-ви јануари) во Добој рече дека последната одлука на ЦИК на БиХ за поништување на изборите во Сребреница и Добој е „етнички инженеринг“.
Тој ги навреди членовите на ЦИК на БиХ од редовите на српскиот народ, велејќи дека „само српски измеќар може да гласа за поништување на изборите во Сребреница“.
Додик ѝ реколна Вања Бјелица-Прутин, член на ЦИК, дека е „дама која се претставува како претставник на српскиот народ, а била или се уште е во брак со Бошњак во Сараево, односно муслиман“.
Според ЦИК на БиХ, денес е поднесен извештај против Милорад Додик поради сомнение за сторено кривично дело според членот 145а од Кривичниот законик на БиХ.