Додека вниманието во старечките домови и болниците е насочено кон справување со Ковид-19 и неговите последици, други инфективни и опасни микроби отпорни на лекови се појавија во Флорида, Њу Џерси и Калифорнија, како и во Индија, Италија, Перу и Франција, заклучија здравствените експерти, авторите на студија која откри нова епидемиолошка закана.
Кога избувна пандемијата на коронавирус, здравствените работници се фокусираа главно на мерките за превенција на болести како што се чистење на болнички соби, промена на облека и чистење на друга заштитна опрема. Парадоксално, медицинските работници имаа малку време да го следат ширењето на други бактерии среде исцрпната борба против пандемијата.
Здравствените експерти за „Њујорк Тајмс“ изјавија дека повторно се појавиле некои организми отпорни на лекови, со кои властите се обиделе да се борат уште пред да започне пандемијата, како што е габата „Kandida auris“. Според болничкиот епидемиолог од медицинскиот центар Санта Моника во Лос Анџелес, д-р Закарија Рубин, во последно време „цветаат габиte“.
Студијата покажа дека по почетокот на пандемијата, имало многу помалку следење на пациентите погодени од овие габи и други микроби. Таквите пациенти се движеле спорадично помеѓу домовите за стари лица и одделенијара за интензивна нега, придонесувајќи за ширење на микробите.
Авторите, исто така, укажаа на употребата на стероиди за лекување од Ковид-19. Иако стероидите може да ги ублажат симптомите на вирусот, тие ќе го остават имунолошкиот систем ранлив на други микроби.
Во текот на изминатата година имало неколку епидемии на микроби отпорни на лекови, за кои се верува дека се предизвикани од коронавирусот. Повеќе случаи на габични инфекции се откриени во Индија во декември и во Калифорнија во јуни.