Министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата на Телма ја искоментира ситуацијата со објавувањето на на фотографии од жени во групата „Јавна соба“.
-Објектот на заштита тука е приватноста како јавниот морал, здравје особено ако станува збор за малолетници , слободата е важна работа не би се согласил во никој случај дека ова е некој севернокорејски потег денеска.Затоа што се работеше за сериозна скандалозна група во која се направени и кривични дела и беа уапсени неколку лица, ние мораме да ги заштитиме жртвите на таквите групи во оваа ера каде има лажни профили во ера каде имаме малолетници во групи. Слободата е важна и треба да се заштити како и здравјето и моралот особено на малолетниците. Ние ваквите закони кои се поврзани со кршење на човековите права ги испраќаме до ЕУ, кој е најрелевантен во оваа област и промените ги внесуваме во истиот.Секогаш е дилемата дали е претерано да реагира, но ова група продолжува мора да се реагира мислам дека и за обвинителството треба да постапи соогласност кривичниот законик, вели Маричиќ.