Полицијата во и околу Москва издаде предупредување до граѓаните пред новите протести најавени за неделата за поддршка на приведениот опозициски лидер Алексеј Навални.
Секторот на руското Министерство за внатрешни работи задолжено за Москва објави дека „обидите“ за неовластено собирање и „сите провокации“ ќе бидат „веднаш запрени“.
Полицијата во околината на Москва издаде слично предупредување и побара од родителите на малолетни деца да се осигураат дека нивните деца нема да одат на протести.
„Дури и присуството на неовластен митинг или парада може да се смета за кршење на законот“, велат извори блиски до руската полиција.
Тимот на Алексеј Навални ги повика Русите да демонстрираат низ целата земја во недела, по првите митинзи минатиот викенд, кои завршија со апсење на повеќе од 4.000 луѓе.