Меланија со само еден потег стави крај на гласините за развод

од Stefanija Kuzmanovska
397 прегледи

Кога Доналд и Меланија Трамп ја напуштија Белата куќа пред некое време, како поранешен претседател и прва дама, имаше многу шпекулации за статусот на нивниот брак и наводната криза, поради што наводно се пред развод.

И додека многумина јавно го проучуваат нивниот говор на тело за да можат да откријат каква е нивната врска во моментот, бидејќи тие не се огласија во врска со ова, ниту за да го потврдат крајот, ниту за да го негираат, Меланија направи нешто што стави крај на овие гласини.

Поранешната прва дама објави фотографија од нејзината венчавка на која стои покрај Трамп во раскошна венчаница.

„Среќна годишнина“, беше пораката за нејзиниот сопруг.

Слични содржини