На американски војници им се слошило откако изеле НЕПОЗНАТА СУПСТАНЦА, двајца во критична состојба

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Американската армија соопшти дека на 11 војници им се слошило откако јаделе непозната материја за време на редовна вежба во Форт Блис, Тексас.

Двајца од војниците се во критична состојба, додава Првата вооружена бригада во соопштението, а сите 11 се под надзор на медицинскиот персонал, објави АП.

Засега не е познато како дошло до инцидентот, но покрената е истрага.