Беџети: ДУП-от за Треска заведен во Катастар, ќе се градат трговски објекти, бунгалови и хотели

353 прегледи

Изминативе неколку дена, по дебатите кои се одджаа, ДУП-от за езерото Треска бил заведен во Катастарот, на денешниот брифинг со новинарите потврди, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети.

„Блокот еден на површина од 31 хектар предвидено е да се намени за спорт и рекреација, во блок 2 на површина од 10 хектари ќе бидат изградени бунгалови со максимална височина од 10.20 метри и П+2+Пк односно приземје, два ката и поткровје. Во блокот 3 е предвидена изградба на хотели на површина од 8 хектери со максимална висина од 4.50/11.50 метри и максимален број катови од П/П+2+Пк (четири нивоа). Во блокот 4 предвидено е да се направат трговски објекти на површина од 1.1 хектари“, потенцираше на денешниот брифинг градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџити.

Рокот за реализација, како што истакна Беџити, ќе биде три години од почетокот на изградба. Во рамките на комплексот ќе има изградба на шанкови, соблекувални и детски реквизити. Водата од езерото ќе се чисти преку прочистителна филтер станица, а плажата ќе биде во должина од 30 метри.

Како што информираше Беџети, од денес инспекциските служби поединечно ќе се трудат да состават записници согласно надлежностите и планирана е следната недела состанок со МВР. За да се постапи согласно законот.

На новинарско прашање, доколку не се појават сопствениците, на кој начин ќе ги дислоцираат камповите, Беџети вели:

„Ќе ги турнеме надвор. Ќе ги извадиме надвор на паркинг. Тие дополнително ќе направи штета на Буџетот“.

Слични содржини