ДКСК: Она што навистина загрижува и што со години наназад се случува е недостигот на ефикасност во справувањето со корупцијата

290 прегледи

Со 35 индексни поени, Индексот на перцепцијат на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, покажува дека С.Македонија доживува стагнација во поглед на корупцијата.

Истовремено, нашата земја бележи пад од пет места на ранг листата. Како што посочува Државната комисија за спречување на корупцијата, Методологијата говори дека за оценката се користени седум извори на податоци, а според расположливите информации пад е забележан во областите на владеење на правото и на човековите права и слободи.

„Она што навистина загрижува и што со години наназад се случува е недостигот на ефикасност во справувањето со корупцијата, иако декларативноста е секогаш високо изразена. Но за ефикасна борба покрај нормираниста и декларативноста неопходни се и адекватни ресурси на надлежните институции и надзорни тела и што е уште поважно, посветеност и проследување на случаите на корупција и судир на интереси. Влијанието на политиката, злоупотребите на службената положба и овластувања, непотизмот, клиентелизмот и кронизмот се сеуште широко распространети. Делувањето на ДКСК, покрај другите надлежности е особено насочено и во овие области кои се препознаени како високоризични и се дел од мерките утврдени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025“, се посочува во соопштението од ДКСК.

Од таму исто така, нагласуваат дека за успешно завршување на детектираните случаи и надминување на воспоставените негативни состојби неопходна е и спроведливост на нејзините препораки, укажувања и иницијативи од страна на надлежните институции. Токму тоа е констатирано и препорачано и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот од 2020 година, нецедуваат од Антикорупциската комисија.

Слични содржини